Последното продолжение од приказната за Хари Потер е завршено и последниот филм премиерно ќе биде прикажан ова лето. Авторката на седумте книги Џоана Роулинг своето богатство минатата година го зголемила за 12,5 милиони евра и сега на сметката има 605 милиони евра.


Актерот Даниел Ретклиф кој во филмовите го игра ликот на Хари, се нашол на петтото место на листата најбогати луѓе кои имаат помалку од 30 години. Тој заработил 55 милиони евра, додека неговите колеги Ема Вотсон и Руперт Грин имаат по 27 милиони.