Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги отфрли сите шпекулирања за евентуалниот ангажман на Џо Харт после завршување на оваа сезона.


Англичанецот сезонава настапува во Торино како позајмен фудбалер од Манчестер Сити, а името негово често се поврзува со „црвените“ од Енфилд кои имаат чести проблеми со формата на голманите.

– Харт е фантастичен голман со уште поголеми човечки квалитети. Моментално ние имаме двајца голмани и немаме потреба од трет ниту сега, а ниту во иднина. – изјави Клоп.

Харт најверојатно нема да се врати на „Етихад“ туку ќе бара трансфер или повторно позајмица. Цената на трансфер пазарот на Харт изнесува 24 милиони евра.

OhridNews