Манчестер Сити избори реми со два погодоци (2-2) на Паркот на Принцовите против Пари Сент Жермен во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Шампиони.
– Луд натпревар е мал збор за нашиот прв дуел. Бевме максимално ангажирани, но не и сконцетрирани. Добро одигравме, а колку резултатот е добар ќе видиме на домашен терен. Два гола во гости се одлична работа, но неможат да бидат пресудни. – рече голманот Џо Харт.
Капитенот на „граѓаните“ е најзаслужен за ремито откако при резултат 0-0 успеа на Златан Ибрахимовиќ да му одбрани пенал.
– Се уште је немам погледнато снимката, но ударот од белата точка го изведе млако. Првиот гол кој го примивме изгледаше страшно, но и по вториот не паднавме психички и се вративме во игра. Сезонава со клубот пишуваме историја во Европа и не сакаме да заврши во 1/4 финалето, посакуваме пласман во големото финале. – додаде Харт.
OhridNews