Англискиот репрезентативец и член на Манчестер Сити, Џо Харт кариерата ќе ја продолжи во Серија А односно во екипата на Торино.


Харт сезоната ќе ја помине како позајмен фудбалер, а Торино ќе има можност по завршувањето на сезоната да го откупи целиот договор.

– Постигнат е договор, Харт се согласи да брани во Торино, а сега зелено светло даде и Сити. Се е вистина и се е договорено, Харт денеска ќе има медицински прегледи во Торино. – изјави агентот на Харт.

Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола јасно му стави до знаење на Харт дека не смета на него, откако го ангажираше Клаудио Браво од Барселона.

OhridNews