Најдобриот стрелец од ланската сезона во Холандија, Бас Дост (23) е најновиот фудбалер на германскиот Волфсбруг. Дост на 34 меча постигна 32 гола што беше доволна препорака за Магат да го доведе меѓу редовите на “волците“.


Доаѓањето на Дост, како и ангажманот на  Ивица Олиќ и тоа како ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот на тимот, во кој дел е македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани.

Хасани во зимскиот преоден рок од Шкендија замина во Волфсбург, но не доби шанса да дебитира за “зелените“. По последните трансфери се по неизвесна е иднината на Хасани кој моментално е со младата селекција на Македонија и игра квалификациски мечеви за пласман на ЕП 2013 година.

Ohridnews