Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот за полуфиналниот бараж натпревар со Косово во Лигата на Нации.

Ангеловски на местото од Елиф Елмас кој е позитивен на коронавирусот го повика Ферхан Хасани, додека на списокот се наоѓа и капитенот Горан Пандев. Настапот на најискусниот фудбалер е под знак прашалник поради позитивните случаи во Џенова и задолжителниот карантин. Пандев треба да добие посебна дозвола од италијанскиот власти за да допатува во Скопје.

За потсетување, Македонија мечот со Косово го игра на 8 октомври во Скопје. Победникот од овој дуел ќе обезбеди пласман во финалето каде ќе игра со подобриот од вториот полуфинален натпревар помеѓу Белорусија – Ерменија.

Списокот на селектор Ангеловски:

Списокот без Елиф Елмас на селекторот Игор Ангеловски

 

OhridNews

 

Голем пех за Македонија: Елмас ковид позитивен, го пропушта баражот со Косово