Ферхам Хасани, најдобариот фудбалер за 2011 година во Македонија, и официјално е нов играч на Волфсбург. Хасани дресот на „волците“ ќе носи до јуни 2014 година.

– Хасани и Медојевиќ се двајца млади фудбалери што беа натпросечни во лигите каде што играа досега, така го привлекоа нашето внимание и ги доведовме во тимот. Во Бундеслигата условите се сосема поинакви, ќе им биде потребно време за да се приспособат. Тоа не значи дека во продолжението нема да имаат обврски, туку ќе треба да се потрудат да ја засилат конкуренцијата во екипата – изјави Магат.

Ова не е прв пат Магат, да пазари фубалери од Македонија. Пред три сезона кога тој седеше на клупата на Шалке од Ренова го купи Бесарт Ибраими. Сепак кичевчанецот не успеа да се наметна во “синиот“ дрес и кариерата ја продолжи во Украина.

Ohridnews