Најдобриот англиски судија во моментов Хауард Веб ја прекина судиската кариера што траеше долги 25 години(1989-2014). Веб(43) објави дека го напушта активното судење но оти ќе ја презема должноста на технички директор на Англиското здружение на судии.
„Беа тоа прекрасни 25 години на теренот. Можам да кажам дека долго ги имав најдобрите места на стадионот за уживање во фудбалот, возбуден сум од новиот предизвик кој е исправен пред мене“, рече Веб.
Веб го судеше финалето на Светското првенство во 2010 година, судеше на вкупно девет најголеми натпреварувања под закрила на УЕФА и ФИФА, а е прв судија што судел на финалето на СП и Лигата на шампионите во иста година.
ohridnews