Белгискиот репрезентативец Еден Хазард верува дека неговиот соиграч од селекцијата Кевин де Брујин бил доволно квалитетен да биде дел од тимот на Челси.


Менаџерот на „сините“ Жозе Мурињо го пушти да замине Де Брујин во јануари 2014 година во Волфзбург откако не сметаше на него.

– Де Брујин е одличен играч и ме зачуди одлуката на Мурињо за негова продажба. Тој не се снајде најдобро на почетокот во Челси, но сега брилира во германската Бундес лига. Сепак, притисокот си го прави своето и некогаш некои млади фудбалери неможат да се справат со него. – рече Хазард.

По одличните перформанси сезонава Баерн Минхен и Манчестер Сити загризаа за Де Брујин, кој е прва виолина и двигател на играта во Волфзбург.

Мх.П.