Откако пред само неколку дена во Русија беше снимен воен авион кој леташе ниско над автопат со голема брзина, вчера на YouTube беше поставено уште едно видео снимено од возач на автомобил на кое руски воен хеликоптер лета само метри над автопатот.

По се изгледа дека ваквите “маневри” на воените пилоти во Русија стануваат секојдневие, но никој не ја знае причината зошто пилотите летаат толку ниско.