Измените  на Кривичниот законик, усвоени на вчерашната седница на Владата предвидуваат заострување  на казнената политика, зголемување на затворските казни и воведување  на мерката медицински-фармаколошки третнам за педофилите односно за сторителите на делата полов напад на дете кое не наполнило 14 години. Измените предвидуваат  доколку осудениот се согласи на медицински третман ,да му се намали  затворската казна, а доколку го повтори делото медицинскиот третман е задолжителен, информира министерот за труд и социјална политика, Диме  Спасов.

Спасов информираше дека за прв пат во Република Македонија се воведува нова  медицинска мерка односно   медицинско – фармаколошко лекување ( позната во јавноста како хемиска кастрација )  на сторители на полов напад врз дете до 14 години  на кои им е изречена казна затвор .

Имено на сторител на кривично дело полов напад врз дете до 14 години кога постои опасност и натаму да врши такви дела судот може да му изрече мерка на медицинско фармаколошко лекување. Ако за делото е пропишана казна доживотен затвор судот може на сторителот да му изрече казна затвор од 40 години ако тој се согласи на медицинско  фармаколошко лекување кое ќе трае до крајот на неговиот живот или до времето до кое според оцената на судот е потребно да трае лекувањето. Ако за делото е пропишана долготрајна казна  затвор од 40 години судот може на сторителот да му изрече казна затвор од 20 години ако тој се согласи на медицинско фармаколошко лекување .Ако за делото е пропишана  казна  затвор од 20 години судот може на сторителот да му ја изрече минималната казна затвор пропишана за кривичното дело ако тој се согласи на медицинско фармаколошко лекување кое ќе трае до крајот на неговиот живот или до времето до кое според оцената на судот е потребно да трае лекувањето.

Ако сторителот не се подложи на мерката медицинско фармаколошко лекување или самоволно го напушти лекувањето судот може да определи мерката присилно да се изврши во здравствена или друга специјализирана установа. Судот и без согласност на сторителот задолжително ќе му ја изрече мерката ако сторителот го повторил делото.

OhridNews