ги чека пекол на “Хемпден парк“
“Хемпден парк“ распродаден
03.09.09 16:32
Националниот стадион на шкотската репрезентација, познатиот „Хампден парк“ е распродаден за дуелот против Македонија в сабота. Шкотска ќе има поддршка од 52.000 гледачи, кои се надеваат дека со победа над Македонија ќе ги задржат шансите за влез во баражот за Светското првенство во Јужна Африка в година. Победникот од дуелот в сабота во Глазгов, речиси сигурно ќе биде втор во групата и ќе се бори за место во баражот.

ги чека пекол на “Хемпден парк“
ги чека пекол на “Хемпден парк“
Шкотските навивачи, познатата „Тартан армија“ ќе ја поддржи репрезентацијата во клучниот меч против Македонија, а четири дена подоцна и против Холандија, која веќе има обезбедено место на планетарниот собир. Навивачите на Шкотска се познати како најдобри и најлојални на својата репрезентација. Според извршниот шеф на шкотската федерација, Гордон Смит дуелите против Македонија и Холандија, за Шкотска ќе бидат како полуфинале и финале за на СП.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com










