Ливерпул имаше водство 5-0 и билетот за финалето во Лигата на Шампиони, но, во последните десеттина минути и дозволи на Рома два погодоци за конечни 5-2, со кои италијаните имаат право да се надеваат пред реваншот, кој ќе се одигра за осум дена во Рим.

– Двата голови на Рома во финишот многу не разочараа. Ја имавме контролата на мечот, се имавме во наши раце после петте постигнати голови, но незамисливо имавме пад во играта на мечот и Рома постигна два погодоци. Реваншот ќе биде неизвесен, бидејќи тие ќе имаат голема поддршка од трибините, а ние ќе имаме задача да ја задржиме предноста и да се пласираме во финалето. – изјави капитенот на Ливерпул, Хендерсон.

Рома во 1/4 финалето со Барселона надополни негатива од три голови и обезбеди пласман понатаму, а иста задача ќе има и на Олимпико на 2 мај.

OhridNews

ЛШ: Ливерпул ја „закопа“ и оживеа Рома (видео)