На сцената во Младинскиот центар во Охрид синоќа беше изведен перформансот „Простор за разговор“ со кој преку уметност, танц, театар и филм се зајакнува чувството на припадност кон заедницата и ги поттикнува младите, маргинализираните и социјално ранливите да се вклопат во заедницата.

Сакаме да ги поттикнеме младите и сите оние останати како публика да зборуваат и да разговараат за родовата еднаквост, бидејќи сметаме дека е многу важно во секоја средина да се објасни пред се што значи родовата еднаквост и на кој начин треба да се делува во самата средина, рече Рисимкин.

Сепак кај нас се’ уште се соочуваме со ситуација со распространета нееднаквост меѓу жените и мажите. Таквата нееднаквост помеѓу жените и мажите не само што доведува до зајакнување на традиционалните улоги, туку и доведува до ситуација во која жените не можат да го постигнат својот професинонален и личен раст и развој. Токму дискриминацијата, стереотипите и нееднаквоста прават исклучување на жените од различни општествени сфери како од образованието, вработувањето, па се до здраствената нега и до политичкото учество. Кај нас се’ уште сведочиме на ситуациии каде што жените не се доволно вклучени во одлучувачки позиции, освен оние позиции каде што е предвидена квота за нивно учество. Токму затоа ние одлучивме да го покренеме прашањето за родова еднаквост и да дадеме до знаење на младите дека е клучно секој од нас да земе улога во ваквиот процес. За тоа колку е важно за да може секоја индивидуа во нашето општество да го постигне својот целосен потенцијал, рече Ева Спасевска од ХЕРА.
Настаните се во организација ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар, поддржани од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан.

OhridNews










