Без победник 1-1 заврши градското дерби во Рим меѓу Рома и Лацио, во кое главна улога имаше капитенот на “гостите“ Хернанес.


Бразилецот Хернанес со маестрален погодок во 16-та го отвори резултатот. Истиот играч на стартот од вториот дел имаше шанса да зголеми на 2-0, но промаши од белата точка. Четири минути подоцна го собори Пјаниќ во казнетиот простор и направи пенал за Рома, кој во погодок го претвори Франческо Тоти.

Од 69-та минута “волчицата“ играше со фудбалер повеќе откако два жолти картони заработи Бјава. Рома бројчаната предност не ја искористи и римското дерби заврши без победник.

Мх.П.