Марко Пејчиновски кој на 28 август минатата година, приреди сензација препливувајќи го Охридското Езеро, активно се подготвува за нов подвиг. Датумот нема да се менува и останува 28 август. На празникот Голема Богородица Марко ќе плива за поддршка со лицата за ретки болести. Другите детали ќе се откриваат полека, како што ќе се зголемува темпото на тренинзите.

Подговотките течат според планираното. Тој секојдневно тренира во Хотел „Тино Свети Стефан“. Се очекува до 15 јуни да тренира таму, а потоа да комбинира со тренинзи во базенот на СРЦ „Билјанини Извори“ и во водите на Охридското Езеро.

Со тренинзи почнав идентично како минатата година на 15 октомври. Ништо околу тренинзите не менувам од минатиот пат. Веќе уфрлив брзина погоре и го зголемив темпото на тренинзи. Очекувам да бидам подготвен за новиот подвиг. – изјави Марко.

Успехот минатата година доби дополнителна тежина поради решителноста и упорноста на Марко и покрај инфарктот на коска на долните екстрмитети.

Пејчиноски за подвигот се закити со највисокото општинско признание Повелба Св. Климент Охридски, ја доби наградата за Подвиг на годината од редакцијата на OhridNews, „Златна Буба Мара“ на популарноста и освои илјадници срца ширум земјата и надвор од неа. Колкав успех постигна Марко говорат изјавите на голем број спортисти, кои истакнаа дека сите треба да се огледуваме на Марко и неговата желба за успех.

Мх.П.