Бугарските Сливенски херои беа подобри од Охрид и го совладаа со 3-2 на пријателската средба одиграна на “Билјанини Извори“.


Гостите во првиот дел стигнаа до предност со погодоците на Куртелов и Кочилиев. На стартот Котевски среќно намали на 2-1, а во финишот на мечот со вториот гол на Куртелов “хероите“ зголемија на 3-1. Конечниот резултат го постави Вељановски од пенал.


Гостите од Бугарија , пред мечот го посетија спомен обележјето на Кејот на езерото и положија свежо цвеќе во чест на загинатите бугарски туристи во бродската несреќа која се случи на 5 септември 2009 година.


М.П.