Лидерот на табелата во Серија А, Јувентус победувајќи го Кротоне (2-0) запиша нови три бодови, а истото го направи и Милан совладувајќи ја Болоња со минимални (1-0) во заостанатите мечеви од „Калчо“ лигата.
Триумфот на „росонерите“ е со херојски карактер, бидејќи миланезите пола час играа со девет играчи, а претходно дваесет минути со десет фудбалери во поле. Прво црвен картон поради два жолти доби дефанзивецот Палета, а подоцна мечот предвреме го заврши и Кучка. Погодокот вреден три бода го постигна Пашалиќ во 88-та минута од натпреварот.
„Старата дама“ на крилата од напаѓачкиот тандем Манџукиќ – Игуаин го решија составот на Кротоне. Дуото головите за победа ги постигна во вториот дел.
Со трите бодови „бјанконерите“ се одлепија на плус седум од второпласираната Рома, а Милан со триумфот се враќа во игра за местата на табелата кои водат во Европа.
OhridNews