Позајмениот фудбалер во редовите од Реал Мадрид во Стоук, Хесе Родригез го постигна единствениот погодок во минималниот триумф (1-0) на дуелот со Арсенал на „Британија“ стадионот.
Стоук со победата над „топчиите“ го приредија најголемо изненадување во саботните мечеви кои понудија возбудувања и доста голови.
Ливерпул на домашен терен со 1-0 го совлада тимот на Кристал Палас и ја забележа првата победа во новата сезона после ремито со Ватфорд во првото коло. Стрелец на голот вреден три бода беше Садио Мане во 74-та минута од натпреварот.
Втората рунда во Премиер лигата ќе се комплетира со мечевите помеѓу Хадерсфилд – Њукасл, Тотенхем – Челси односно Манчестер Сити – Евертон.
Резултати: Свонси – Мен Ју 0-4, Бурнмаут – Ватфорд 0-2, Барнли – ВБА 0-1, Лестер – Брајтон 2-0, Ливерпул – Кристал Палас 1-0, Саутемптон – Вест Хем 3-2, Стоук – Арсенал 1-0.
OhridNews