Македонскиот првак Железерец со виоки 9-1 го порази првакот на Малта Ексцес Бидинија.


Охриѓанецот Зоран Левески со три постигнати гола беше најпрецизен во домашниот тим, два постигна Агуши, а по еден Ранготов, Јованоски, Петровски и Тодоров.

Започнавме онака како и што планиравме. Важно е со победи да се загрееме за одлучувачкиот меч против Ајндховен – рече Левески по завршувањето на мечот.

Во останатиот натпревар очекуван триумф на Ајндховен над Истанбул со 7-3

Петок 19. Август
18.00ч. Екцес Биднија- Ајднховен
20.30ч  Железарец – Истанбул

Недела 21. Август
18.00ч. Екцес Биднија- Истанбул
20.30ч.  Железарец – Ајднховен

Доколку
го освои првото место во групната фаза, КМФ Железарец ќе игра на
турнирот од главната рунда заедно со екипите на Динамо од Москва, Атина
90 и Литија од Словенија.
М.П.