Составот на Манчестер Јунајтед на крилата од Ентони Марсијал со убедливи 3-0 (2-0) го совлада тимот на Шефилд Јунајтед и ја продолжи битката за пласман во ТОП 4 на табелата во англиската Премиер лига. Французинот мрежата на противникот ја погодуваше во 7-та, 44-та и 74-та минута за сигурен триумф на Олд Трафорд. За издвојување е третиот погодок кој беше акција од школските учебници на „црвените ѓаволи“.


Резултати:

Мен Ју – Шефилд Ју 3-0

Њукасл – Астон Вила 1-1

Норвич – Евертон 0-1

Вулверхемптон – Бурнмаут 1-0

Ливерпул – Кристал Палас

OhridNews