Екипата на Барселона прокнижи нови три бодови на табелата победувајќи ја Гранада со 4-0 пред своите гледачи во 19-та рунда од Ла Лига.


Творец на триумфот беше капитенот на каталонците Лионел Меси кој постигна трите од четирите погодоци. Два од трите голови Меси ги реализираше во првиот дел со што ги скрши гостите. Во вториот дел Аргентинецот реализирапе уште еден, а Нејмар стави печат на победата.


Со трите бодови од мечот со Гранада актуелниот првак во Ла Лига се врати на врвот од табелата симнувајќи го Атлетико Мадрид од првата позиција.

Мх.П.