Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо доминираше на гала вечерта во Шпанија освојувајќи три награди.
Роналдо беше прогласен за најдобар играч и стрелец, а неговиот погодок со Валенсија беше крунисан како најдобар.
Во трката за најдобар фудбалер Роналдо ги победи Диего Коста, кој сега е во Челси и Карлос Вела од Реал Сосиедад.
Титулата во Ла лига со Атлетико Мадрид му донесе признание од најдобар тренер на Диего Симеоне додека Лука Модриќ собра најмногу гласови за најдобар среден играч.
„Златната ракавица“ му припадна на Кејлор Навас, кој сега е дел од кралскиот клуб.
Мх.П.