Охрид Лоте на “Атина Бојаџи“ во петтото коло ја забележа дебитанската победа во новата сезона , “градежниците“ првите бодови ги освоија совладувајќи го новајлијата во второлигашкото друштво Кораб со 3-1.  Творец на триумфот на Охрид Лоте беше капитенот Толески кој постигна хет трик. 


“Градежниците“ натпреварот го започнаа решени бодовите да останат во Охрид, а гостите кои настапија во дефанзивна формација оделеваа на нападите само во првите десет минути. Се играше 11-та минута од мечот кога Охрид Лоте дојде во водство од 1-0. Толески биеше од слободен удар, а чуварот на мрежата Реџа само со поглед ја испрати топката во мрежата.

Гостите брзо се созедоа од “шокот“ , и во 13-та минута преку Лимани го изедначија резултатот на 1-1. Фатален се покажа прекршокот над Каба на 20 метри од голот. Лимани шутираше силно топката се одби од живиот зид и заврши зад грбот на Капрически. Погодокот постигнат за израмнување како да ги разбуди “сини“ кои преку Дехари и Леши пропуштија одлични шанси да го загрозат голот на охриѓани.


Во 37-та минута соло продор на Толески кој беше фаулиран во зоната на удар, “рецептот кој победува не се менува“ , тоа и го практикуваше капитенот на “градежниците“  шутирајќи  на спротивната страна од зидот кој го постави несигурниот Реџа.


Вториот дел од започна со двојна измена во екипата Кораб, тренерот на “соколите“ ја призна грешката откако од игра го повлече голманот Реџа а  на негово место шанса доби охриѓанецот Фатмир. Почетокот на вториот дел му припадна на Кораб, Насир со длабочинска топка  го проигра Каба кој проба да го дрибла Капрически но безуспешно.

Полуконтрата на Охрид Лоте во 73-та минута која започна од средината на теренот ја  поведе Бакулески кој го проигрува Толески во казнетиот простор Врлаку го фаулира капитенот на “градежниците“ а  главниот арбитар Митрески покажува на белата точка. Маестралниот Толески ја “поткопа’ топката и го испрати Фатмир на другата страна за конечни 3-1.


.

Охриѓани со оваа победа се изрманија со Кораб на табелата а фенерот му го препуштија на Беласица. Охрид Лоте во наредното шесколото  му гостува на Руфеја.   

Мх.П.