Охриѓанецот Зоран Левески по трет пат во кариерата (2006, 2010 и 2011 година) се закити со наградата најдобар фудбалер на Македонија во Футсал. Фудбалерот на Железарец ја предводеше екипата до двојната круна во Македонија, и пласман помеѓу ТОП 16 во Лигата на Шампиони. “Двојката“ во “црвено жолтиот“ дрес имаше кратка но “бронзена“ авантура во Азија откако настапуваше за Ал Садака.


По трет пат сум одликуван за најдобар фудбалер во Футсал. Со Железарец освоивме двојна круна, притоа јас бев најдобар стрелец, исто така имавме успешна епизода во Лигата на Шампиони каде се пласиравме во ТОП 16. Авантурата во Азиската лига на шампиони резултираше со бронзен медал, што е голем успех за мене и за македонскиот футсал – истакна Левески.


Екипата на Железарец која ја сочинуваат повеќето репрезентативци во новата сезона продолжи таму каде што застана лани. На последниот натпревар со Куманово, Левески и дружината го претрпеа првиот пораз од 3-2 во шампионатот.


Во регуларниот тек од сезоната може да забележиме пораз или да одиграме нерешено, но во разигрувањето не сме претрпеле пораз две години. Оваа година натпреварувањето е поинакво се игра двокружно и ни дава можност да се опуштиме. Во голем дел од мечевите се зависи од нас, на дуелот со Куманово се осеќаше заситеноста, уморот а мотивацијата изостана така да поразот беше неизбежен. Која било екипа во лигата да ни падне во разигрување или во Купот ќе ја прегазиме без никави проблеми – дециден е “двојката“ на “зелено белите“  Зоран Левески.


 
Кариерата на Зоран Левески низ бројки :

2003 година –  Фудбалска школа Скопје
2003/04 – “КМФ Тандем ГО, Скопје“
2004/05 – “Трансилванија тиргу муреш“ – Романија
2004/05 – “КМФ Кул 2004, Скопје“
2005/06 – “КМФ Вардар, Скопје“
2006/07 – “КМФ Алфа Парф, Скопје“
2007/09 – “КМФ Економац, Крагувејац“
2009/     – “КМФ Железарец, Скопје“
2011       – “Ал Садака, Бејрут“

Стандарниот македонски репрезентативец Левески има запишано еден настап на “Ал старот“ мечот во Футсал.

 

Михаил Постоловски