Составот на Севиља ја одбрани титулата во Лигата на Европа победувајќи го англискиот премиерлигаш Ливерпул со 3-1 во големото финале кое се одигра во Базел.
Севиља трофејот во Лигата на Европа го освојува трет пат во низа, нешто што не му успеало на никој клуб во второто по ранг натпреварување на стариот континент.
Почетокот на мечот и првото полувреме не наговестуваше ваков развој на настаните бидејќи со голот на Даниел Стариџ „црвените“ имаа водство 1-0
Шпанците предноста на англичаните ја анулираа по само 20 секунди игра во вториот дел со погодокот на Гамеиро.
Во 64-та минута Коке го комплетираше пресвртот, а шест минути подоцна истиот фудбалер со вториот погодок на мечот стави печат на третата послеводателна титула за Севиља.
Покрај титулата и големата парична награда Севиља обезбеди место во Лигата на Шампиони следната сезона.
Мх.П.