ХЕЦ „Шпилје“, кај Дебар, е пред реализација на годишниот план, проектиран на 300 милиони киловат часови елекрична енергија, како резултат на поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје, кое ги опфаќа реките Црн Дрим и Радика, како и подготвеноста на елекромашинската опрема да ги прими и преработи количините на вода кои дотекуваат во акумулацијата „Дебарско Езеро“.

– Во изминатиот период  од годинава во овој значаен електроенегретски објект, произведени се 294,5 милиони киловат часови елекрична енергија, што претставува 98 отсто остварување на годишниот план, велат надлежните од ЕЛЕМ.

Според нив, во акумулацијата има резерва на вода за производство на над 12 милиони квч и е создаден простор за прием на очекуваните дотеци во престојниот период. Моментно просечнот дотек на вода во акумулацијата е над 50 кубни метри вода во секунда.

Годинава ќе биде забележана како една од повеќето рекордни години по производство на електрична енергија, во изминатите четири и пол децениско постоење на електраната.

OhridNews
Извор:„МИА“