Дваесет и вториот Охридски пливачки маратон в година, ќе се одржи на 19 јули, а наградниот фонд ќе изнесува  25.000 долари. Традиционално ќе се плива на 30 км долгата патека „Климе Савин“од Свети Наум до пристаништето во Охрид.

Ова е објавено на службената интернет-страница на Светската пливачка федерација (ФИНА). Во минатата сезона, нашиот  најквалитетен традиционален спортски натпревар имаше награден фонд од 10.000 долари што беше причина за неучество на некои квалитетни пливачи.

Во соработка со Пливачката федерација на Македонија го изготвивме планот за организација на охридскиот пливачки маратон 2008  –вели за ohridnews Кочо Паскали претседател на Организацискиот Одбор. Како и минатата сезона одговорен за организацијата ке биде пливачкиот клуб Охридски Бранови. Годинава поставивме повиски стандарди ,наградниот фонд од 10 илјади го зголемивме за 25,000 долари. Ова ќе биде вистински предизвик прво за нас како организатори , потоа за  локалната самоуправа, но и за градот Охрид  –  завршува Паскали.

На ОПМ 2007 победи Бугаринот Петар Стојчев, шампион на Гран при-серијата 2007, а најдобропласиран Македонец беше Поп-Ацев, кој беше седми во машка конкуренција. Најдобра кај девојките беше Естер Нуњез Морера од Шпанија.



ја завршува богатата кариерата во Охрид . Петар Стојчев

Минатата година Стојчев најави дека томку наредната 2008 сезона ке му биде последна и планира да се повлече од пливањето. Петар сака крај на својата пливачка кариера да стави на местото каде и ја започна Охрид.
 
Минатогодишниот маратон помина  и во знакот на расправиите на релација Охрид – Скопје. Оваа година недроазбирањата се надминати и се надеваме дека реномето и сјајот на ОПМ повторно ќе биде вратен.