Холандскиот стратег Гус Хидинг ќе седи на клупата на премиерлигашот Челзи до крајот на сезоната, соопшти денеска клубот од „Стенфорд Бриџ“. Хидинг се согласил да го замени Сколари на кормилото на Челзи, а финансиските детали не се соопштуваат. „Не дојдов тука за пари“, кусо им изјави на новинарите Хидинг, кој инаку е близок пријател со сопственикот на Челзи, бизнисменот Роман Абрамович.


Хидинг и натаму останува на чело на руската репрезентација, а на клупата на Челзи седнува токму со амин на Руската фудбалска федерација.

Ohridnews