Менаџерот на Челси, Гус Хидинк застана во одбрана на својот играч Диего Коста кој доби црвен картон на мечот со Евертон во рамките од ФА Купот. Шпанскиот репрезентативец го нападна и гризна Герет Бери, а судијата Мајк Оливер му додели втор жолт, автоматски црвен картон.
– Јас и Диего Коста ќе одиме заедно во кино и ќе гледаме неколку филмови за контролирање на бесот. Имам еден филм фаворит за тоа во кој главната улога ја игра Џек Николсон, мислам дека ќе му помогне. – рече Хидинк и додаде. – Не сум 100 проценти сигурен што се случи, но едно е јасно дека го провоцираа целиот натпревар. Противниците го знаат темпераментот на Диего Коста и многу вешто го користат тоа. Тука ништо не можеме да им замериме на противниците, но судиите треба да бидат флексибилни во таквите случаи. Не викам дека треба да ги чуваат „капиталците“ туку да ја балансираат работата на теренот.
И покрај црвениот картон Шпанецот уште е еден од омилените фудбалери на холандскиот стручњак на Стемфорд Бриџ.
– Го обожавам и не го кријам тоа. Се сеќавате сигурно дека се повреди против ПСЖ, а со Евертон по секоја цена сакаше да игра. Нема многу играчи во светот кои ќе постапат како него. Затоа и го ценам. – заврши Хидинк.
На социјалните мрежи по завршувањето на мечот почнаа сеирот на сметка од Диего Коста кој е споредуван со Луис Суарез кој заработуваше казни од ФИФА и англиската федерација за исти вакви постапки.
(Дра)Коста во стилот на Суарез (видео)
“Позајмениот“ им пресуди на “сините“ (видео)
OhridNews