По ремито на Челси со Тотенхем екипата на Лестер и официјално стана шампион на Англија. Клаудио Раниери веднаш по завршување на мечот на Стемфорд Бриџ телефонски го контактирал Гус Хидинк и му се заблагодарил за услугата.
– Веднаш ми заѕвона и пет пати ми се заблагодари за одличната игра во второто полувреме. Не беше расплакан, но гласот му трепереше. Момците од Лестер ја заслужија титулата и секоја чест за нивната борбеност во текот на сезоната. – рече Хидинк.
Стемфорд Бриџ ќе ја има улогата да му се поклони на новиот шампион бидејќи последниот меч од сезонава „лисиците“ го играат токму против Челси.
Тимот на Лестер е шеста различна екипа која го освојува трофејот во Премиер лигата по Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челси, Манчестер Сити и Блекбурн.
OhridNews