Актуелниот шампион во Премиер лигата, Челси официјално го промовираше Гус Хидинк за менаџер до крајот на сезоната.


Холандскиот стратег на Стемфорд Бриџ ќе го замени Жозе Мурињо кој доби отказ по слабите резултати на клубот во Премиер лигата.

Хидинк ќе има полни раце работа на Стемфорд Бриџ откако клубот се наоѓа на 15-та позиција со само два бодови повеќе од Норвич кој се наоѓа во зоната за испаѓање.

Искусниот фудбалски стручњак во 2009 година го предводеше Челси и успеа да стигне до 1/2 финалето од Лигата Шампиони.

Ohridnews