Низ серијал стории ви ги претставуваме успешните охридски приказни во изборот на Охридњуз во 2025 година кои се помесетени во 12. издание на Годишната ревија на настани.

Во 1935 година во време кога науката за копнените води беше во своите почетоци, токму овде на бреговите на Охридското Езеро се поставија темелите на првиот научно – истражувачки центар од ваков вид на Балканот.

Благодарение на визионерството на научникот, академик Синиша Станковиќ, се создаде Хидробиолошкиот завод Охрид со што започнува една нова ера на систематско проучување на езерото и богатата флора и фауна со бројни ендемични видови, поради што овој значаен еко систем е прогласен за светско природно наследство под заштита на УНЕСКО.

Денес, Хидробиолошкиот завод Охрид е институција од стратешко значење за државата која ги следи состојбите со сите природни и вештачки езера во државата и обезбедува стратешки податоци за управувањето со водните ресурси.

Хидробиолошкиот завод е темел на научното проучување на Охридското Езеро. Девет децении оваа институција е во мисија за зачувување на неговата уникатна флора и фауна, да ги истражува тајните кои се кријат во длабочините на најголемиот басен со питка вода во овој дел од Европа и да создава мост помеѓу науката и општетсвото.

Охридњуз додели Признание за научни достигнувања и заштита на Охридското Езеро на Хидробиолошки завод Охрид