Според најновите информации од синоптичарите за изминативе 9 часа (до 16:00) најмногу врнежи, 22 литри на метар квадратен има во Охрид, 18 Маврово, 17 Лазарополе, 15 Претор, Пожаране, 14 Тетово, 12 Кр. Паланка, 10 Ѓуриште, Берово, 8 Скопје, 7 Виница, 6 Битола, 5 Тополчани, 4 Штип, 3 Прилеп, Гевгелија, 2 Д. Капија, помалку од 1 во Струмица. Овие врнежи дополнително ќе ги зголемат протекувањата во водотеците.
-Високи водостои има на сите водотеци во државата, а најизразени на југозапад, запад, северозапад, север. Од последните хидролошки мерења на нашите хидролошки станици (15:30) релативно високи водостои бележиме на хидролошките станици: Јегуновце-р.Вардар Х=198цм, Македонски Брод-р.Треска Х=90цм, Бошков Мост-р.Радика Х=172цм, Ботун-р.Сатеска Х=101цм, Лепенец Влив-р.Лепенец Х=142цм, Ресен-Голема Х=68цм. Во Скопје на р.Вардар на станицата кај Зајчев Рид се измерени 168 цм. – соопшти Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР.
Според информацијата од ЕЛЕМ, акумулациите имаат доволно простор да го примат водениот бран, па тоа позитивно ќе влијае на намалување на водостоите на одредени места.
На целата територија на државата преовладува облачно време со пообилни врнежи од дожд. Најобилни врнежите се во југозападните и западните делови, и не очекува и понатаму облачно на повеќе места со слаб до умерен дожд. Вечерва врнежите ќе се почести на запад, а преку ноќта врнежите ќе се се почести кон источните делови од земјата. Понекаде на запад и на исток се очекува да наврнат и нови 60л/м2.
-И понатаму не очекуваат високи водостои и дека на одредени места се можни локални излевања. Високи водостои не очекуваат на р.Вардар горен тек со притоките, локално кај Раотинце, Јегуновце, Рашче, шеталиштето во центарот на Скопје, Треска горен тек, Кичевски, Ресенско, во слив на р.Сатеска, Црн Дрим и Радика. Во текот на ноќта не очекува покачување и во источните делови од државата. Поради овие најави мора да предупредиме на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците, внимателно движење на патиштата кои пресекуваат водотеци и суводолици и внимателно возење на патиштата поради можна појава на одрони и свлечишта. – предупреди УХМР.
Поради обилните врнежи од дожд кои денес го зафатија подрачјето на Охрид и Струга, дојде до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, по однос на параметарот матност, информира Центарот за јавно здравје.
– Од извршените мерења на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центар за јавно здравје Охрид, констатирана е зголемена матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните. Поради тоа и согласно Законот за безбедност на вода, водата од градскиот водовод во Струга и селата кои се приклучени на градската водоводна мрежа не е здравствено безбедна и истата не треба да се користи за пиење. – соопшто Центарот за јавно здравје.
Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.
OhridNews












