На барање на публиката хит комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, повторно на репертоарот денес и утре со почеток во 20.00 часот.

Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек, информираат од Народен Театар Охрид.
Напоменуваат дека билетите се во продажба, а резервации не се примаат и се продаваат само на билетара по принцип прв дојден прв услужен (една личност може да купи најмногу 6 карти).
OhridNews













