Јужнокорејскиот тенисер Хјеон Чунг го спакува Новак Ѓоковиќ од првиот грен слем турнир сезонава победувајќи го во три сетови (7-6, 7-5, 7-6) во осминафиналето на Австралија Опен.
58. носител на АТП листата одигра маестрален натпревар и сосема заслужено го елиминираше шесткратниот шампион во Мелбурн кој имаше неуспешен кам бек на терените после опоравувањето од повредата на лакотот.
– Ми беше чест да ирам против Ѓоковиќ и мило ми е што успеав да го победам. Зборуваат дека јас сум копија од Новак, а тоа е точно многу работи имаме преземено од неговата игра. – изјави Чунг.
Во четвртфиналето Чунг ќе игра против Сандгрен кој за пласман во ТОП 8 го елиминираше Тим од Австрија.
OhridNews