Актерот Хју Грант станал татко по трет пат, а својот бтор вонбрачен син го добил со телевизискиот продуцент Ана Еберстејн. Веста за новото вонбрачно дете се појави само три месеци откако актерот дознал дека се родил Феликс, кого го добил со љубовницата Тинглан Хонг. Извор близок на актерот вели дека неговите љубовници останале бремени речиси во исто време, и дека обете се согласиле да живеат со него во вонбрачна заедница.

Грант во едно неодамна дадено интервју рекол дека исклучително му се допаѓа улогата на татко, и дека тоа бил позитивен шок за него, кој му го променил животот. Рекол дека не може да се преправа дека сето ова му дошло како изненадување, но било исклучително позитивно. Мајката на неговото руго бебе и од Кина, и на ќерката и дале име кое на кинески значи „среќно изненадување“.