
Лори, овојпат ќе го игра докторот Елдон Ченс, специјалист за форензичка невропсихијатрија, а серијата изобилува со комплексни односи со другите луѓе.
Серијата под назив „Chance”, ќе биде прикажана кон крајот на 2016 година, а Лори ќе го отелотвори докторот што ќе западне во невољи поради тоа што со пациентка ќе се впушти во сексуални односи.
Психолошкиот трилер се базира на романот на Кем Нан, американски писател и сценарист од Калифорнија кој книгата „Chance” ја објави во 2014 година. Серијата засега е резервирана во рамки на две сезони од по 20 епизоди, а Лори е еден и од продуцентите.
OhridNews
извор:„Макфакс“











