Поранешниот селектор на Англија, Рој Хоџсон го презеде кормилото во тимот на Кристал Палас, откако отказ по само четири мечеви на клупата доби Франк де Бур.

70-годишниот стратег веднаш се фати за работа и почна да ја подготвува тактиката за гостувањето кај Саутемптон.

Кристал Палас во првите четири мечеви од Премиер лигата не успеа да освои ниту еден бод, а да биде трагедијата поголема не успеа ниту да постигне погодок.

Преземањето на Кристал Палас е прва работа за Хоџсон после заминувањето од англиската селекција после елиминацијата од Исланд во 1/8 финалето на ЕП во Франција.

OhridNews