Поранешниот селектор на Англија, Рој Хоџсон имал тајни преговори со челниците на Лестер за преземање на менаџерската функција која остана празна по отказот на Клаудио Раниери.


69-годишниот стратег од јули месец минатата година не е активен во фудбалот после заминувањето од позицијата селектор во англиската фудбалска репрезентација.

Челниците на Лестер од многуте кандатите за менаџери прво разговарале со Хоџсон, бидејќи сакаат искусен стручњак кој ќе внесе мир во соблекувалната после турбелетниот период.

Хоџсон последен клупски ангажман имаше во ВБА, а претходно од многуте клупски ангажмани за издвојување се авантурите во Ливерпул, Интер, Удинезе и Фулам.

Фудбалерите на Лестер и без официјален менаџер со асистентот на Раниери на клупата успеаја да го совладаат Ливерпул со 3-1 во понеделникот во последниот натпревар од 26-та рунда во Премиер лигата.

OhridNews