Екипата на Хофенхајм ја сопре победничката серија на Борусија Дортмунд во Бундес лигата ремизирајќи пред своите гледачи 1-1.
Домаќините беа поблиску до победата откако во првиот дел преку Руди поведоа со 1-0. Бројките на семафорот ги изедначи Аубумејанг во 57-та минута што беше и конечен резултат.
По ремито во Хофенхајм, Дортмунд му ја препушти првата позиција на Баер Минхен кој со 5-1 на Алијанц арената го совлада Волфзбург.
Резултати : Хановер – Штутгарт 1-3, Хофенхајм – Дортмунд 1-1, Леверкузен – Мајнц 1-0, Менхенгладбах – Аугзбург 4-2, Шалке – Ајнтрахт 2-0.
Мх.П.











