Русија преминува на „стратегија на исцрпување“ откако не ги постигна своите цели со инвазијата врз Украина, оцени денеска шефот на британската разузнавачка служба за одбрана Џејмс Хокенхол.
Генерал-полковник Хокенхол наведе дека руските сили го смениле пристапот бидејќи не успеале да ги заземат големи украински градови за време на тринеделната инвазија.

Според западните власти, руските сили имаат доволно артилериска муниција за бомбардирање со недели, па дури и подолго.
OhridNews
					



							






