Тамара Тодевска со песната „Proud“ го освои осмото место во финалето на изборот на песна на Евровизија, што се одржа синоќа во Тел Авив, Израел, што е историски највисок пласман на нашата земја на ова музичко натпреварување.

Во гласањето од жири комисиите Тамара беше втора со два бода помалку од Шведска, Сепак, по додавањето на гласовите од публиката победата ја однесе Холандија, а Тамара заврши на високото осмо место.

Покрај одличниот пласман Тамара ги освои симпатиите со одличниот настап на Евросонгот на кој имаше извонреден перформанс. За настапот таа доби одлични критики на социјалните мрежи, како и честитки од колегите, но и од политичарите.

OhridNews
фото: „EBU“