Холандскиот репрезентативен голман Каспер Цилесен ќе го замени Давид де Геа ако шпанскиот чувар на мрежата одлучи да го напушти Олд Трафорд.
Има неколку потенцијални голмани кои се поврзуваат со Јунајтед, а најнов е Цилесен, кој веќе соработуваше со Ван Гал во холанската селекција.
„Кралевите“ испратија понуда за Де Геа која „ѓаволите“ експресно ја одбија, но до крајот на преодниот рок се очекува двата клуба да најдат заеднички јазик.
Покрај холандскиот голман на листата се наоѓаат искусните Хуго Лорис и Петр Чех кои се дел од екипи во Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед за голманот на Ајакс ќе треба да исплати 25 милиони евра онолку колку што моментално се проценува Де Геа иако неговата реално е далеку повисока.
Ohridnews