Охрид и СРЦ Билјани Извори беа цел на посетата на преставниците на Холандскиот Олимписки Комитет и Холандската Амбасада во Македонија кои сакаа на лице место да ги видат и да се запознаат со спортската инфраструктурата  и условите за развој на неколку спортови . Холандските преставници во Охрид остварија средби со преставници на едриличарската федерација,  гиманстичката федерација и федерацијата за хокеј на трева.


Во организација на Македонскиот Олимписки Комитет договорени беа поединечни средби на преставниците од Холандија со неколкуте федерации во Охрид.  Тие се заинтересирани за условите и тоа како државата нас ни помага во  спортот , нажалост ние моравме да потенцираме дека спортот е на ниски гранки, а  за да се разбуди спортот во Македонија потребни се промени во законот за спорт. Нивните конкретни забелешки беа насочени на начинот на кој се третираат федерациите од Агенцијата за Млади и Спорт, и за нив е несватливо колку малку се одвојуваа за развојот на спортот – рече Љупчо Аранудов, член на УО во МОК и претседател на Федерација за гимнастички спортови.

Ова е првата посета од ваков карактер и на неа беше разговаран за размена на идеи и солуции како да се помрдне спорот во нашата држава.  – Ние сме овде во Охрид и Македонија, за да видиме каква соработка може да воспоставиме меѓу Холандскиот и Македонскиот олимписки Комитет, и да видиме како може да го промовираме македонскиот спорт. Ова е прва визита и очекуваме од ХОК да ни  пратат извештај за тоа што ќе биде разговарано во Холандија и кои ќе бидат наредните насоки – истакна заменик амбасадорот Герт Кампман.


Целата на Холандскиот Олимписки комитет е прво како македонските федераци да си помогаат сами меѓу себе да ја подобрат комуникацијата и да ја подобрат инфраструктурата , но истакнуваат дека соработката посакуваат да биде во двата правци. – Може доста да се научи на пример од борењето кое е доста развиено во Македонија, додека кај нас тој спорт е запоставен . Наша желба е да помагаме, како што тоа е случај со хокејот на трева кој постои неколку години во Македонија, додека пак Холандија е светската водечка сила во овај спорт.  Но најважно е македонските федерации да кажат кој спорт сакаат да го развиваат да се развие стратегија во која ќе бидат вклучени повеќе елементи , а неизбежно ќе биде вклучен и туризмот – потенцираше Ерик Ленселик преставникот на Холандскиот Олимписки комитет
Федерацијата за Хокеј на трева досега имаше најплодна соработка со соодветната спортска федерација од оваа земја.  – Ова беше мошне успешна средба на која остварвиме блиски контакит и сите овие денови бевме во постојан контакт,  им ги објаснавме кои се нашите цели во иднина,развој на административните работи, развоја на соработката на клупско ниво и најважното развој на инфраструктурата, до колку е можно Охрид да добие терен со вештачка трева – истакна Тања Димитриевска од федерадијата за хокеј на Трева.


Гостите во Охрид  доаѓаат од земја која е едриличарска , но за нив македонскиот бисер е голема непознаница, велат од Едриличарската федерација.  – Очекуваме соработка со нивната федрација во поглед на едукација на кадри за тренери, судии на меѓународни натпревари, исто така донации во поглед на опрема како за клубовите така и за репрезентацијата. Можна е соработка во поглед на развивање на наутичкиот туризам, како и  можноста и за организарње на уште една регата во соработка со холандскиот олимписки комитет и холандската едриличарска федерација – вели Стефчо Ставрев од ЕФМ.

М.Постоловски