
Крајбрежниот либиски град Сирт од 2015 година е под контрола на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, но последните неколку месеци силите на владата на национално единство во Триполи ослободија значителен дел од градот.
„Еден холандски новинар беше убиен денеска. Снајперист на Исламската држава го застрелал во градите, додека известувал за борбите во Сирт“, изјавил претставникот на Централната болница во градот Мисрата, Акрам Гливан. Додал дека телото на убиениот е пренесено во болницата.
Засега нема информации за идентитетот на убиениот новинар, ниту за која медиумска куќа известувал од Либија.
OhridNews
извор:„ Макфакс“











