Охридскиот Амак СП како гостин ќе го игра првиот натпреварот од второто коло од Фиба Евро Челинџ купот против Холандскиот Ајфел Таурес.

Охриѓани од саботата се во Холандија каде одржаа серија тренинзи со цел да ја темпираат формата. Холанѓаните негуваат брза игра, но на секоја игра има против игра вели стратегот на охриѓани Марјан Лазовски  

Тие повеќе играат трчај – шутни, играат брза кошарка, физички се добро подготвени, еден на еден се многу опасни. Овие неколку дена ќе се обидеме да направиме против игра. Ќе барам повеќе да ја движиме топката и да не влеземе во нивниот ритам. Поискусна екипа се од нас, имаат предност, но јас сум оптимист и мислам дека по реваншот во Охрид, ние ќе бидеме тимот кој ќе обезбеди пласман во второто коло.


поради повреда неизвесен е негвиот настап – Џарид Фрај

“Езерџиите“ ги посакуваа холанѓаните за противници. И покрај тоа што не доаѓаат од кошаркарска земја, сепак тие се екипа која има традиција, која заслужува респект, но мисијата на охридскиот тим има една цел , пласман во натпреварите во групи.

При компонирањето на оваа екипа целта беше обезбедување на пласман во групи  – вели потпреседателот на клубот Христијан Шапкар.

Реванш мечот е на 11 ноември во Охрид, според Шапкар ваквиот распоред на натпревари ќе биде предност за Амак СП .

Очекувам да извлечеме поволен резултат во Холандија, а потоа со подршката на охридските рибари, до го однесеме АМАК СП во натпреварите по групи во Фибиниот Куп.

М.П.