Од Културно информативниот центар „Култура 365“ од Охрид, информираат дека деновиве до нив пристигнале реакции од холандски туристи кои престојувале во градот, околу состојбата во која се наоѓа споменикот на А. Ден Долард поставен кај Холандскиот парк.
– До нас пристигна реакција (писмо и фотографии) од Холанѓанецот Цес Каеј, кој како и мноштво други холандски посетители, бара поголема заштита и одржување на споменикот, вели Мишо Јузмески од КИЦ „ Култура“.
Оттаму додаваат дека последните реакции се само едни во низата добиени од холандските туристи кои истовремено се воодушевуваат што во Охрид има споменик за нивниот писател, но се и револтирани од несоодветниот однос кон споменикот.
OhridNews