Во петок, 26-ти април, на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Амбасадата на Кралството Холандија заедно со општина Охрид, ТАВ и Агенцијата за промоција на туризмот ќе организира пречек на првата тура холандски туристи за оваа летна сезона.

На настанот ќе присуствуваат  претставници од Амбасадата на Кралството Холандија предводени од  Н.Е. Мариет Схурман, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и претставници од Агенцијата за промоција на туризмот.

Холандските туристи ќе пристигнат во организација на туроператорот Туи-Аркефлај, а ќе бидат пречекани со традиционално македонско лепче и торта, во организација на ТАВ аеродроми.

Во текот на 2012 година, во Македонија престојувале вкупно 27.120 холандски туристи, што претставува 7,6% од вкупниот број на странски гости во земјата, воедно најголем број туристи и посетители од странска држава.

Холандските туристи во текот на 2012 година освариле вкупно 145.280 ноќевања, што претставува 17,9% од вкупниот број на остварени туристички ноќевања.

По успешната презентација на саемот за туризам во Утрехт и според плановите за оваа летна сезона, се очекува зголемување на бројот на холандски туристи во Македонија.

OhridNews