Деновиве во јавноста беше пуштена нова веб страница на холандски јазик со наслов ‘Добредојдовте во Охрид’ и адреса http://www.naarohrid.nl/.

Страницата е креација и сопственост на холанѓанецот  Весли Брајан.  Минатото лето, Весли имал можност да го посети Охрид со својата девојка која по мајка е холанѓанка, а по татко е охриѓанка.  Таа е заљубена во Охрид и Македонија и тука доаѓа секое лето. 


Гледајќи ги огромните потенцијали за развој на туризмот, двајцата дошле до заклучок дека холанѓаните не знаат доволно за Охрид, а и тие што дошле тука немаат доволно информации за туристичката понуда на овој регион.  Според Весли, Југозападна Македонија поседува бројни туристички атракции кои можат да привлечат голем број туристи од Холандија. Негово мислење е дека два чартер летови не се доволни во летната сезона за  да го претстават туристичкиот дух на холанѓаните.


Постоењето на една  ваква веб страница може да ја смени целата ситуација, па затоа се очекува поголема вклученост од страна на македонските бизниси и организации кои ако сакаат да бидат дел во оваа промоција можат да се обратат на [email protected] или [email protected]

Во партнерство со Арке летови и Македонската Мисија за Хуманост (ММХ), Весли работи да креира една централна веб страница која ќе биде најдобар информативен центар на холандски јазик за патување низ Југозападниот дел на Македонија.  Целта на „Добредојдовте во Охрид“ е Македонија  да стане топ дестинација на Холандија и Белгија во наредните неколку години.

OhridNews